За женската убавина и борбата со годините и стареењето
Дата: 27/11/2019
Про-фемина панел дискусија на тема “Женската убавина, борбата со годините и стареењето”. Модератор и автор Живкица Каленикова, со гостинките Ивана Канева Попов претставник на Vichy, психолог Ивана Хаџиванова, дерматовенеролог д-р Наташа Теовска Митевска, писателката Јелена Бачиќ-Алимпиќ и пејачката Елена Петревска.
За правилниот развој на говорот
Дата: 27/11/2019
Како правилно се развива говор кај децата? Кога треба да се побара стручен совет? Ако постои одреден проблем, кои се последиците од ненавременото и неправилно реагирање?
Спорт за сите
Дата: 27/11/2019
“Лицата со попреченост не се беспомошни. Потребни им се услови кои ќе им овозможат да ги покажат своите способности” – со гостинот Вангел Тркаљанов, на тема “Спорт за сите” .
Волонтерите од САНО
Дата: 27/11/2019
Теодора, Андријана и Бојан јунаците кои го победиле ракот, денес волонтираат во САНО здружение на родители чии деца се лекуваат или ја победиле оваа болест. Тие заедно со Марија Тасев, основачот на САНО, за личната борба но и за силата, хуманоста, поддршката која им ја даваат на сите кои имаат потреба од неа.
Како е да се биде во “нивни чевли“
Дата: 27/11/2019
Епизода од “Тунел“, посветена на проектот “In My shoes”. Искра, Игор, Ема, Јуле, Нико и Бети зборуваа за проектот со инклузивен дизајн и открија што значи да се биде “Во нивните чевли”.
Проект Среќа
Дата: 27/11/2019
Големината на секој човек се гледа во хуманоста. Да се биде хуман значи безусловно да се даде љубов и да подаде рака кога некој има потреба од помош. За сите досегашни и идни проекти на здружението “Проект среќа” со Кристина Арнаудова Петровски и Благица Ристов
На тема Непотизам
Дата: 27/11/2019
На тема Непотизам, со проф. Владимир Трајковски
Слободанка Чичевска (актерка и режисерка) и
проф. Илија Ацески.
Колку им се прави добро на децата кога се насочуваат во професија која е семејна традиција? Дали и кога семејното име е “товар”? Постојат ли професии во кои непотизмот е позитивен? Што кога новите генерации се поуспешни и поквалитетни кадри од своите предходници?
Со Саше Димовски
Дата: 27/11/2019
Новинарот Саше Димовски за личните премрежија, животни битки и поминувањето низ најтешките мигови, со насмевка. По дијабетот, делумна ампутација на ногата, инфарктот…тој храбро чекори низ животот.
Нашите херои, учениците од ООУ „Владо Тасевски“
Дата: 27/11/2019
Снимање на епизода од “Тунел” посветена на одделението 6в од ООУ “Владо Тасевски” кои со помош на дефектологот Весна, заедно со наставничките Викторија и Весна, го совладале знаковниот јазик за да можат комуницираат со својот другар кој е глувонем.
Гостување на тимот од клиничката болница „Жан Митрев“
Дата: 27/11/2019
Во октомври на клинката “Жан Митрев” беше изведена ретка операција над 6годишно дете, со што на уникатен начин беше отстранета тешка срцева маана. Тимот кој стои зад нејзе е д-р Жан Митрев, главен хирург, педијатар д-р Јорданка Маџоска и анестезиолог д-р Драгица Вучкова. Со нив говоревме и на тема детска кардиохирургија .