Емисија „Тунел“

Дали кога ќе се најдете во животниот Тунел имате сила да истраете во барањето на светла точка на крајот од истиот? Колку сила и енергија треба да се има да се продолжи во животот и тогаш кога истиот казнува на најсуровиот начин? Дали го живеете животот со полни гради?

Кои се вашите соништа? Дали и од што зависи нивното исполнување? Дали сте кројачи на сопствената судбина? Колку сте вистински искрени и благодарни за секој нов ден во патувањето наречено живот?

Ова се само дел од прашањата на кои, низ петте сезони колку што е емисијата „Тунел“ присутна на ТВ екраните, сакавме да најдеме одговор и преку нив да пренесеме реални животни приказни, да се запознаеме со различностите и луѓето кои навидум не се слични со нас.

„Тунел“ воедно е одлична симболика за животните предизвици кои можат да се исправат пред секој од нас, а наша одлука е кој пат ќе го избереме за да гонајдеме вистинскиот излез.

Силните мотивациски приказни, луѓето кои се вредни да бидат видени и чуени, искуства кои можат да ни покажат дека сѐ е можно во животот доколку сакаш и веруваш, се нашите примарни водилки во создавањето на секоја следна, возбудлива и интересна епизода од „Тунел“.